
Шкендија од Тетово, вечерва во Скопје ќе го игра првиот натпревар од 1/16 финалето на Конференциската лига.
Во Скопје доаѓа турски Самсунспор како изразит фаворит, но тетовци веруваат во чудо.
Капитенот Бесарт Ибраими нагласи дека тимот е мотивиран и оди на победа и дома и на реваншот.
„Сонот ни се исполни, но сакаме уште. Атмосферата е одлична, одиме на победа и дома и на реванш“ изјави Ибраими.
Мечот започнува во 21.00 часот, а имепратив за тимот на Шкендија ќе биде обезбедување на што поповолен резултат пред реваншот во Турција.


