Skip to main content
Македонија

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

16/03/2026  21:32

Извршниот одбор на СДСМ вечерва донело одлука за иницирање на исклучување од членство на екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, соопшти партијата.

Веста Шилегов ја дочека за време на интервјуто за „Ноќно студио“ на 4TV каде зборуваше во својство на бранител на еден од обвинетите.

Запрашан за коментар, Шилегов рече дека во почит на денешниот ден и трагедијата во Кочани вечерва нема да дава политички изјави, најавувајќи дека коментар за партиските случувања ќе има утре.

„Утре ќе го имам коментарот од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“ порача Шилегов.

Шилегов освен што беше градоначалник, беше и пратеник од редовите на СДСМ, а во партијата беше и потпретседател и член на Извршниот одбор.