
Вистинска драна се случила во вторникот навечер околу 20 часот во населбата Козле, каде семејството на Маја било нападнато од куче налик на пит бул или стафорд, кое било шетано без каиш. Инцидентот се случил на патеката кај каналот, каде синот на Маја ја шетал нивната нова миленичка, бебето куче од раса Лагото, по име Бамби.
Според објавата на социјалните мрежи, кучето на непознат сопственик прво било предупредено од газдата со зборовите: „Земи го во раце, не сака други кучиња“. Иако момчето ја земало Бамби во прегратка, кучето сепак нападнало и ја тегнело неколку минути, додека син му се борел да го одбрани кутрето. Нападот завршил со тешки повреди на кучето – скршена кичма, скинати нерви и длабоки рани, од кои, за жал, не успеала да се спаси.
Дополнително, момчето било и самиот гризнат, а телефонот му паднал при обидот да побегне со повреденото куче. Подоцна, како што тврди семејството, телефонот го подигнала сопственичката на агресивното куче, која наводно се обидела да ја изврти приказната, тврдејќи дека кучето им избегало од дома – иако, според Маја, во моментот на нападот, кучето било со сопствениците и не било врзано.
Семејството вели дека сопствениците на агресивното куче одбиле да дадат име, презиме или контакт информации. Инцидентот е пријавен во полиција, а Маја апелира за помош од јавноста во идентификување на сопствениците.
„Куче налик Пит бул или стафорд бело кафено во Козле кое газдите го шетаат без каиш вечерва околу 20 часот го нападна нашето бебе куче Лагото, Бамби и син ми. Ги нападнал додека поминувале на патчето кај каналот во Козле. Додека нашето бебе кутре беше на каивче газдата му рекол на син ми , земи го во раце не сака други кучиња. Син ми ја земал Бамби во раце и кучето ги нападнало додека ја држел во раце, и ја тегнел 5 минути, се борел со син ми.
Бамби е тешко повредена со скршена кичма и скинати нерви и рани и др. Диме направи се , ама повредите се пресериозни и нема да преживее. Не му се израдувавме на кутрето кое го земавме од кога почина нашето 10 годишно куче пред 1 месец. Радост и живот ни беше, и неодговорни идиоти ни ја одземаа, го истрауматизираа син ми за цел живот и сега сакаат да ја скријат вистината и да се сокријат. Во борбата син ми го фрлил телефонот и со крвавото наше кутре трчајки дојде дома ми ја даде во раце за да пробаме да ја спасиме, јас го земав кутрето и возев како луда да стигнам и најдам некој што може да ја спаси , и зазвонев на телефонот на син ми. Се испостави дека девојката сопственичка на кучето кое го нападнало син ми го има телефонот на син ми и проба да плете приказна дека питот им избегал од дома што не е вистина бидејки кучето во моментот на нападот бил со газдата без да е врзано!
Јас морав да се посветам на Бамби, целата во крв и крици , а син ми со татко му отишле да го земат телефонот и газдите одбиле да дадат и име и презиме и број на телефон. Бидејки после првичниот шок син ми сфатил дека и тој е гризан под блузонот и се упатиле кон болница , не земале податоци од тие кои шетаат агресивно куче без каиш кој ни го уби бебето- кутре во 8 вечер на место каде има констатна фрекфенција од луѓе кутриња и деца.
Пријавено е во полиција, но помогнете ми да ги најдеме луѓето. За ова мора да одговараат, затоа што од неоговорност ни го убија кутрето, го истрауматизираа син ми за навек и сега се обидуваат да излажат и да се скријат. Она што знаеме дека биле и они на прегледи во Неуромедика.
ВЕ МОЛАМ да ми помогнете да ги лоцираме веројатно се од реон Козле и Жданец. Кучето е кремасто бело големо , газдата е дечко крупен со виткана коса , одбиваат да преземат одговорност, се кријат, пријавено е во полиција, инполицијата ќе ги бара, ама нема да помине макар и од куќа на куќа тропала за да ги најдам.
Ни го убија кучето …. не изгореа пак… а требаше да биде една обична прошетка во еден вторник“, напиша Маја на Фејсбук.