Skip to main content
Хроника

Шестмина мигранти пронајдени во „бмв“ со српски ознаки кај Демир Капија

30/03/2025  13:16

Вчера на автопатот А1, во близина Демир Капија, полицајци од Богородица забележале патничко возило „бмв“ со српски национални ознаки во кое имало мигранти и кое не застанало на знак за запирање.

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на патот помеѓу селата Војшанци и Пепелиште, неготинско и во него била пронајдени шест лица мигранти, од кои по три од Сирија и Египет. Мигрантите биле пренесени во прифатен центар и за настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.