Skip to main content
Свет

Шестмина избодени со нож во Антверпен

22/01/2026  21:57

Шест лица биле избодени со нож вечерва на плоштадот пред операта во Антверпен, Белгија. При самиот напад се одржувал протест.

– Сите имаат убодни рани, а две од жртвите се во критична состојба, соопшти портпаролот на локалната полиција Ваутер Браунс.

Според него, полицијата привела два лица кои се осомничени за поврзаност со нападот.

– Полицијата успеа да уапси двајца осомничени кои, според првичните наоди, се измешале со демонстрантите, рече Браунс.

Четири од повредните лица се пронајдени на плоштадот пред Операта, а останатите две во две околни улици.

Како што јавија белгиските медиуми, на местото на настанот пристигнале неколку медицински екипи кои им пружиле прва помош на жртвите и ги пренеле во болница.

Полицијата засега нема детали за нападот, ниту за неговите мотиви.