Skip to main content
Хроника

Шестгодишното девојче од Куманово – пронајдено во Гази Баба

14/04/2025  22:10

Полицијата ја пронајде шестгодишното девојче од Куманово, откако нејзината мајка попладнево пријавила дека се оддалечила од домот, соопштија од СВР Куманово.

– Денеска во 15:00 часот, во СВР Куманово, С.Т. (28) пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од семејниот дом. Девојчето било лоцирано на подрачјето на Гази Баба – информираа од МВР.

Полицијата не соопшти детали за тоа како девојчето стигнало до другата општина, но најважно е дека е пронајдена и е на сигурно.