Skip to main content
Свет

Шест земји се подготвени да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот теснец

19/03/2026  16:47

Велика Британија и шест други земји истакнаа дека се подготвени да помогнат во обезбедувањето безбедно поминување на бродовите низ Ормускиот теснец.

Во заедничката изјава на британскиот премиер со лидерите на Франција, Германија, Италија, Холандија и Јапонија, исто така, се наведува дека ќе работат на стабилизирање на енергетските пазари.

„Од срце ги осудуваме неодамнешните напади на Иран врз невооружени трговски бродови во Заливот, нападите врз цивилната инфраструктура, вклучувајќи ги нафтените и гасните постројки, и фактичкото затворање на Ормускиот теснец од страна на иранските сили. Изразуваме длабока загриженост за ескалацијата на конфликтот. Апелираме до Иран веднаш да ги прекине своите закани, поставување мини, напади со беспилотни летала и ракети и сите други обиди за блокирање на теснецот за комерцијален сообраќај и да дејствува во согласност со Резолуцијата 2817 на Советот за безбедност на ООН. Слободата на пловидба е фундаментален принцип на меѓународното право, вклучувајќи ја и Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето, се наведува во заедничката изјава.

Посочуваат дека „последиците од дејствијата на Иран ќе ги почувствуваат луѓето ширум светот, особено најранливите“.

„Во согласност со Резолуцијата 2817, нагласуваме дека таквото нарушување на меѓународната пловидба и нарушувањето на глобалните синџири за снабдување со енергија претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедност. Во овој поглед, повикуваме на итен, сеопфатен мораториум за напади врз цивилната инфраструктура, вклучувајќи ги нафтените и гасните постројки. Изразуваме подготвеност да придонесеме во соодветните напори за обезбедување безбеден премин низ теснецот, додаваат во изјавата.