
Шест полицајци се повредени за време на денешниот судир со граѓани пред Државниот универзитет во Нови Пазар. Тоа го изјави началникот на Полициската управа во тој град и ја повика толпата да го напушти платото пред таа високообразовна институција бидејќи тоа е „единствениот начин да се смири ситуацијата“.

„Полицијата во ниту еден момент не реагираше, а бевме нападнати четирипати, никој не крена рака врз вас. Шест полицајци се во болница“, рече началникот Нермин Љајиќ.
Во врска со изјавите на граѓаните дека „криминалци“ ги нападнале студентите и ги избркале од зградата на Универзитетот, Љајиќ рече дека секој што е повреден може да го пријави нападот.
Полициските службеници со опрема за разбивање на демонстрации се засолниле на влезот на Универзитетот и им се придружиле на членовите на жандармерискиот одред од Краљево кои се на 50 метри, јави Бета.
Граѓаните кои поставиле барикади и го блокирале пристапот на другите полициски единици до Државниот универзитет пристигнуваат пред Универзитетот.