
Шест лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Полска денеска.
Два автомобила се судрија на раскрсница во близина на селото Железнице во југозападниот дел од земјата во раните утрински часови.
Пет лица загинаа во еден од автомобилите, кој се запали. Најновата жртва е возачот на другиот автомобил.
Сите лица во двата автомобила загинаа. Нивниот идентитет засега не е утврден.
