
Вкупно шест лица вчера уапсени за дрога во главниот град.
Како што информираа од полицијата, на 21.04.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Д.(19), Ф.Т.(24), М.К.(24), Н.С.(45), Б.С.(20) и А.Б.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци, додава полицијата.