Skip to main content
Балкан

Шест лица повредени по пукање во Подгорица

09/06/2025  13:26

Синоќа нешто по полноќ пред угостителски објект во центарот на Подгорица, Црна Гора се случила пукотница во кој биле ранети шест лица, а едно од нив е во критична состојба.

Како што дознава „Вијести“, напаѓачот бил Михаило Лакушиќ (23), кој е уапсен под сомнение дека повредил шест лица со истрели.

Според истите информации, Д.Ф. (38) кој бил ранет во грбот е во критична состојба, В.Ѓ. (19) се здобил со повреда на коленото, Л.Ш. (23) прострелна рана во ногата, У.Љ. (37) е повреден во раката, И.М. (25) е ранет во ногата, додека полицаецот И.Ј. (43) има прострелна рана во раката.

„Во овој инцидент повредени се шест лица, од кои пет се здобиле со полесни телесни повреди во долните екстремитети, додека едно лице е повредено во пределот на грбот и неговиот живот не е во опасност. На лицата веднаш им е укажана медицинска помош во Клиничкиот центар на Црна Гора“, соопшти полициската управа на Подгорица.