Skip to main content
Хроника

Шест лица каснати од кучиња скитници

26/01/2025  19:00

На 25.01.2025 во 14:10 часот во ОВР Гостивар, Ј.А.(45) од с. Вруток, гостиварско, пријавил дека околу 08.15 часот на улица „ЈНА” во Гостивар бил каснат од куче скитник.

На 25.01.2025 година во 14:50 часот во ОВР Гостивар, З.Ф.(45) од с.Здуње, гостиварско, пријавил дека на улица „ЈНА” во Гостивар бил каснат од куче скитник.

На 25.01.2025 во 18:25 часот во ОВР Кичево, С.В.(66) од Кичево пријавил дека на улица „Димитар Влахов“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 25.01.2025 во 15:15 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Б.(23) од Скопје пријавила дека на ул.„Јужноморавски бригади“ била каснат од куче скитник.

На 25.01.2025 околу 11:00 часот во Полициското одделение Мирковци, С.Т.(67) од Скопје пријавила дека во викенд населба Побожје била касната од куче скитник.
На 25.01.2025 во 16:30 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „4 Јули“ во Неготино, Л.Ќ(59) од Неготино била каснат од куче скитник.