
На 22.07.2025 во 13:37 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Браќа Ставреви“ во Кочани, сопственост на Л.С.(62) од Кочани.
– На местото излегле полициски службеници од ОВР Кочани и екипи од Територијалната противпожарна единица Кочани, се наведува во соопштението од СВР Штип.
Пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад при гасењето во медицински установи за укажување на помош биле пренесени И.С., сопруг на сопственичката, А.С., К.С., В.Ш., О.С. и А.Д., кои помагале, како и тројца пожарникари.