Skip to main content
Свет

Шест лица го загубија животот во тропска бура на Филипините, над 22 илјади се евакуирани

19/10/2025  17:18

Тропската бура Феншен денеска ги погоди северните и централните делови на Филипините при што животот го загубија шест лица, а повеќе од 22.000 луѓе беа принудени да се евакуираат од селата погодени од поплави и лизгање на земјиштето.

Тропската бура го помина заливот Манила со налети на ветер до 90 километри на час.

Едно локално лице се удави вчера во градот Роксас во покраината Капиз во централниот дел на Филипините, каде поплавени се многу села со доаѓањето на плимата, соопштија полицијата и покраинските власти.