
Шеснаесетгодишник од кичевско Стрелци се здобил со повреда од огнено оружје за време на семејна веселба.
Во врска со инцидентот кичевската полиција рано утринава околу 2:30 часот по полноќ привела две лица – Ф.Ф. (36) и Ч.Ф. (52), двајцата од кичевско Трапчин Дол. За време на семејната веселба, која се одвивала во двор на семејна куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, го повредиле 16-годишникот.
Момчето било пренесено во Општа болница во Кичево.
На местото е извршен увид од страна на полициски екипи, а по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.