Skip to main content
Спорт

Шанса за уште две златни медали за Македонија, Трајановски и Гавриловски се пласираа во финалето на MFC 21

06/04/2025  07:17

Двајцата претставници од Македонија, Марко Трајановски и Вања Гавриловски, се пласираа во финалето на MFC 21 (Montenegro Fighting Championship), кое ќе се одржи на 6 април 2025 година во Бар, Црна Гора.

По доминантната победа на Марко Трајановски против претставникот на Австрија, Франческо Батистата, тој ќе се соочи со домашниот борец Алекса Зујовиќ во категорија до 88.4 кг. Од друга страна, Вања Гавриловски ќе влезе во октагонот против Урош Вучиниќ, исто така од Црна Гора, во категорија до 70.3 кг.

Финалните борби ќе се пренесуваат во живо на Adriatic Sport Live TV, со почеток од 19:00 часот.

Ги повикуваме сите љубители на боречките спортови да ги поддржат Марко и Вања во нивниот пат кон златo за Македонија на меѓународната сцена.