Skip to main content
Скопје

Шалтерите за наплата и рекламации на „Водовод и канализација“ в понеделник ќе работат од 7:30 до 15:30

16/01/2026  12:38

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека на ден 19.01.2026 година (понеделник), по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 07:30 до 15:30 часот.

Со редовно работно време ќе се продолжи од 20.01.2026 година (вторник).