Skip to main content
Скопје

Шабан Салиу: Доста слушаме едно исто, промена во Шуто Оризари мора да има

15/10/2025  09:58

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.

платено политичко рекламирање

„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела”, порачува Салиу.

Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.”

Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.

„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари”, додава Салиу.

Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.

 „Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци”, порачува Салиу.

Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.”