Skip to main content
Македонија

СЕЗОНСКА МЕТЕО АНАЛИЗА: Пролетта 2026 во Македонија натпросечно топла

08/03/2026  08:29

Метео анализа на Славчо Попоски:

Сезонските прогностички материјали за претстојната пролет во Македонија укажуваат на тоа дека таа ќе биде натпросечно топла со повисоки температури на воздухот кое ќе услови брзо будење на природата. Температурите е бидат повисоки за 0.5 до 1 степен од просекот. Тоа значи дека почесто ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење кое ќе ги условува овие натпросечно високи температури на воздухот.

Секако и покрај ова повремено секако дека може да очекуваме задоцнети зимски бранови односно поладно време од вообичаеното кое може да донесе задоцнети мразеви во утринските часови особено во стартот на пролетта одонсо кон крајот на месец март  и во почетокот на април. Тоа значи дека и оваа година постои опасност од премзнување на овошките поради нивното многу рано цветање, односно многу раното будење на природата кое е веќе започнато.

Што се однесува до врнежите тие ќе бидат околу просекот за пролетните месеци со можност за повремени поврнежливи периоди со пообилни врнежи, но сепак и покрај ова опасност од појава на нови поплави барем одсега гледано нема.

Со оглед на тоа дека се работи да сезонска прогноза за претстојната пролет промени во истата се можни па затоа јавноста ја советувам да ги следи моите пократкорочни метео анализи за следните неколку денови кои се со можност за остварување  и со прецизност поголема од 90%.