Skip to main content
Македонија

Серафимовски пеш тргна на трето поклонувачко патување, овој пат до Острог, Црна Гора

26/05/2025  18:57

Поклоникот Сашо Серафимовски од Скопје рано утринава го започна своето трето поклонувачко патување за само три месеци.

Серафимовски рано утрово се упати кон манастирот Свети Василије Острошки во Црна Гора а до него ќе пешачи повеќе од 580 километри.

Претходно, поклоникот Серафимовски пеш ги посети манастирот Рилски во Бугарија, како и соборниот храм во романскиот град Јаши, каде се сместени моштите на Света Петка.

24инфо.мк му посакува лесен и среќен пат.