Skip to main content
Свет

Сенатот на САД не го усвои законот за финансирање

15/10/2025  09:20

Американскиот Сенат не успеа да ги обезбеди 60 гласа потребни за усвојување на законот за завршување на блокадата на Владата, што претходно беше усвоен во Претставничкиот дом.

Ниту еден демократски сенатор не го гласаше за законот.

Републиканците одбиваат да преговараат за барањето на демократите за продолжување на даночните олеснувања за здравствената заштита.

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон изјави дека нема да закаже седница, сè додека Сенатот, каде што демократите имаат мнозинство, не гласа за излез од ќорсокакот.