Skip to main content
Македонија

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“

02/09/2025  20:37

Ева Ристовска, сестрата на трагично загинатата Теодора од Тетово, остро реагираше по денешната судска пресуда, каде што лицето кое ја нападна скопската градоначалничка Данела Арсовска, доби идентична казна – две години затвор, исто како и Менсур Пајазити, возачот кој ја усмрти Теодора на пешачки премин.

“Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор? Каде е правдата? Судство, правда или корупција – срам да ви е! Со вакви судии немаме ни суд, ни правда“, напиша Ристовска.

Теодора беше усмртена на пешачки премин во Тетово, а нејзиното семејство веќе подолго време апелира дека правдата е недостижна и дека казната за возачот е понижувачка и неправедна.