
Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го стресе теренот, а неколку згради се урнаа, меѓу кои џамија, делови од објектот на брзата помош…
Покрај уништувањето на инфраструктурата, најтрагичните моменти се забележани и во драматични сцени за спасување.
Еден од нив е снимен во видео кое не може да остави никого рамнодушен. Мајка и татко со бебе во рацете очајнички бегале од уривањето на зградата. Додека тие во паника трчаа, зградата зад нив се уриваше, а прашината ја покри земјата. Во позадина одекнуваа крици и сирени.
Секој чекор што го направиле родителите бил борба за живот – борба за спас на себе, но и своето сакано бебе кое го држеле цврсто во раце.
Да потсетиме дека два разорни земјотреси го погодија Мјанмар.
Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Мандалеј, по што следеше вториот земјотрес со јачина од 6,4 степени.
Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека очекува илјадници смртни случаи, објави Sky News.