
На 14.08.2025 во 16:40 часот во Валандово полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода Д.М.(52) од Валандово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна ќерка дека во домот физички ја нападнал, се наведува во полицискиот билтен.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.