Skip to main content
Хроника

Семејно насилство во Чаир: 39-годишен скопјанец ги натепал сопругата и ќерката со тврд предмет

13/10/2025  12:43

39-годишен скопјанец ги натепал сопругата и ќерката. При нападот употребил и тврд предмет.

„На 12.10.2025 во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет, се наведува во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.