Skip to main content
Хроника

Семејна вечера во Битола заврши со трагедија: Куче скитник нападна 5-годишно дете

14/04/2025  11:57

Семејна вечера во Битола заврши со трагедија, откако 5-годишно дете било нападнато од куче скитник додека седело со своите најблиски.

Настанот се случил во текот на викендот, а според информациите, детето прво му давало храна на кучето, но кога престанало – кучето го нападнало.

Според сведоштва, детето се здобило со повреди во пределот на лицето, при што му било повредено окото. На фотографии од местото на настанот се гледа крв, што укажува на сериозноста на нападот.

Детето било веднаш пренесено во болница, каде му била укажана лекарска помош. Засега не е познат степенот на оштетување на окото.

Граѓаните се револтирани и упатуваат критики за негрижата на институциите во справувањето со популацијата на кучиња скитници во градот.