Skip to main content
Македонија

Села откри под кои услови би соработувал со владеачките партии

17/05/2025  20:00

Лидерот на другото крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села порача дека неговиот поранешен сопартиец, Арбен Таравари не треба да биде пречекан со раширени раце во Европскиот фронт поради неговите сомнителни политички движења. Села смета дека најмалку што Таравари можел да направи е да поднесе оставка од функцијата во партијата.

„Јавното извинување на политичар е оставка од својата функција, бидејќи ако го стори тоа, ќе разбереме дека размислувал дека направил грешка, но ако не го стори ова, тогаш ќе разбереме дека не размислувал, туку, напротив, се преправал, за потоа да ни сервира нешто што не е добро за општеството воопшто, за граѓаните, а особено за Албанците“, истакнал Села.

Села во интервјуто за Алсат признал дека имало барања од владејачките партии за комуникациски контакт со нив, додавајќи дека одговорил на повикот, но вели дека споменувањето на четворица пратеници (од Европскиот фронт) е за создавање неизвесност во јавноста.

„Имаше доста барања да воспоставам комуникациски контакти со овој или оној и јас одговорив на барањето и ги искажав моите ставови како што ги изнесувам тука. Ние не даваме збор на две места, ние сме сериозни“, нагласил претседател на едното крило на Алијансата за Албанците.

На прашањето што ако една врата се затвори, стеснувајќи го просторот за дејствување, Села вели:

„Тогаш ние нема да бидеме тие што ќе го прекршат својот збор и секако сме слободни во нашето политичко дејствување. АA никогаш не може да биде замена за ништо. АA има своја програма. Ако зборот е прекршен, партијата има свои тела и ќе донесе свои одлуки“.

Села наведе низа услови што страните што сакаат да соработуваат со Aлијанса мора да ги исполнат. Тој рече дека правата на Албанците не можат да бидат привремени, барајќи спроведување на уставниот амандман во Уставниот суд, уставни измени и отстранување на фрмулацијата „20%“

„Од друга страна, ако некој е заинтересиран за нас, во хипотетичката варијанта што ја споменавте, ние сме заинтересирани без разлика дали сме дел од Владата или дел од Фронтот да зборуваме за уставни измени и деблокада на европските интеграции. Ние сме заинтересирани да зборуваме за отстранување на „20%“ и поставување на албанскиот јазик заедно со овие уставни измени. Мора да изградиме систем што ќе ги направи Албанците и другите заедници недопирливи без оглед на тоа кој ќе биде премиер на земјата утре и колку тој премиер ќе нè сака или нема да нè сака како заедница. Еден од тие механизми е Уставниот суд“, додал Села.

Села ги повикал структурите и членовите кои до вчера биле со Таравари и кои не ја заборавиле каузата на Алијанса, да се вратат на негова страна и да ги туркаат процесите напред, но без Таравари.