
Преку телефонски повик од кабинетот на Премиерот и без никакво образложение, во текот на вчерашниот ден додека била на своето работно место, директорката на Државниот архив на Македонија професорката Наташа Котлар Трајкова била разрешена од функцијата која ја извршуваше една година и четири месеци.
Котлар Трајкова за Телевизија 24 рече дека според неа, поводот поради кој е разрешена е едно нејзино интервју во месец август со кое изнесува критички став за македонските иселеници во Австралија.
00:20 – 00:51 и 01:26 – 01:46
Хибрид Наташа Котлар Трајкова, професорка
Од вчера точно во 12 часот и 4 минути, јас бев на моето место Државена Архив на Република Македонија, ми се јави една госпоѓа која се претстави дека се јавува како секретарка од кабинетот на премиерот. Информацијата беше многу кратка со тоа што ме извести дека од моментот на јавување јас веќе нема да бидам директор на Државниот Архив. Дознав во една комуникација со претседателот дека фактички мојот најголем грев и поводот за моето менување е изнесено критичко мислење во едно интервју што го дадов во август месец за нашите иселеници во Австралија.
Според Котлар Трајкова дополнителна причина за нејзиното разрешување било и тоа што назначениот заменик директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, имал амбиција да премине на директорската позиција. Во текот на нејзиното раководење со институциијата, Котлар Трајкова се соочувала и со голем број предизвици и влијанија.
Наташа Котлар Трајкова, професорка
Од друга страна причината е од денот на моето именување 31 јули 2024 година во исто време назначија свој партиски човек за заменик директор кој имаше сериозна амбиција да биде директор на оваа институција и од тогаш почна мојата одисеја од една година и 4 месеци на една психолоша тортура. Секојдневно се случуваа работи кои покажуваа дека немам поддршка и дека фактички целата политика на Архивот треба да биде во заедничка соработка, фактички тоа што ќе го каже заменикот јас да го аминувам.
На локалните избори во 2021 година, Наташа Котлар Трајкова беше кандидат за градоначалник на општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

