Кога некој мисли на леб, веднаш го исклучува фактот дека токму лебот може да биде сојузник во диетите и во здравата исхрана. Во реалноста, ова не е секогаш точно. Лебот може да биде вклучен во нискокалорична диета, се разбира, ако го изберете вистинскиот леб. Ако целта е да изберете нискокалоричен леб, тогаш мора да ги избегнувате лебовите со бројни дополнителни состојки и полнења.
Не можеме да зборуваме едноставно за „леб“, туку за разни видови леб, бидејќи лебот денес е достапен во многу варијанти. За да ви помогнеме да дознаете малку повеќе за карактеристиките на лебот, составивме избор од различни категории на лебови и ги претставивме калориите за секој вид. Конечно, можете да откриете каков точно леб да одберете што е соодветен за вас, особено ако не сакате да конзумирате прекумерна доза на неприродни масти или адитиви.
Класични типови (во 100 грама)
Традиционален леб (бел): 264 калории
‘Ржан леб: 230 калории
Леб од цели зрна (интегрален леб): 235 калории
Селски леб: 245 калории
Црн леб: 259 калории
Леб од житарки: 250 калории
Чиабата: 272 калории
Леб со сусам: 255 калории
Леб од трици: 260 калории
Леб со афион: 265 калории
Леб од лен: 285 калории
Леб од/со сончоглед: 300 калории
Француски леб: 286 калории
Видови полнет леб
Леб со суво грозје: 288 калории
Леб со маслинки: 308 калории
Фокача: 349 калории
Леб со смокви: 350 калории
Крекери: 280 калории
Млечен леб: 366 калории
Двопек и тост
Интегрален двопек: 370 калории
Класичен тост: 415 калории
Класичен двопек: 388 калории
Шведски (сладок) леб: 400 калории
Багета (од бело брашно): 280 калории
За време на диета
Ако сакате да ослабнете добро е да преферирате леб од интегрално брашно, отколку класичен (бел) леб, зашто кога се рафинира лебот ги губи своите главни хранливи состојки, а тоа се витамините, растителните влакна и минералните соли.
Лебовите од интегрално брашно, особено ‘ржаниот леб, придонесуваат за подолга ситост од нутриционистичка гледна точка, па е најсоодветен за диетите.
При изборот на леб внимавајте на додатоците богати со липиди, во форма на сирење, сланина, ореви или други вкусни состојки – полнетиот леб има склоност да биде значително повисок во калориска вредност од традиционалниот леб.
Добро е да се знае дека тостираниот леб и двопекот, како и лебовите за сендвичи, често содржат масти што класичниот леб природно не ги содржи, како и многу адитиви и особено високо ниво на сол, што ги прави непогодни за диети.
Најдобар начин да бидете сигурни во калориите на лебот што го јадете е да го направите дома: со тоа, ќе ги знаете точно сите состојки што биле користени за подготовка и нема да има изненадувања во однос на додадени масти или адитиви.