Skip to main content
Македонија

Секој ден по еден час борба за правдата на ангелите од Кочани

13/10/2025  20:28

По синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, во Кочани се најавуваат секојдневни блокади. Родителите и роднините на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ порачаа дека од денеска, секој ден ќе се одржуваат мирни протести и блокади, во траење од еден час – од 15:15 до 16:15 часот – сè додека не започне судењето за трагедијата.

„Срамен и понижувачки е односот кон трагедијата во Кочани“, велат родителите, кои во неделата вечер, за време на 26-тиот „Марш за ангелите“, протестираа пред Основниот суд во Кочани. Тие реагираа по изјавите на адвокатите на обвинетите, според кои постапката би можела да трае и до 15 години.

Семејствата на жртвите бараат судот да ги зголеми своите капацитети за да не се одложува процесот поради недостиг на ресурси. Истовремено, бараат рочиштата да бидат приоритетни и да се одржуваат со континуитет, без непотребни одложувања.

Родителите изразуваат сомнеж дека се подготвува манипулација или намерно одолжување на постапката, па инсистираат сите дејствија во случајот да бидат транспарентни и отворени за јавноста.