Skip to main content
Македонија

„Сејф Сити“ до крајот на годината и во Струмица!

07/04/2026  18:59

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска оствари работна средба со градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

На средбата во фокус беа зголемувањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, со посебен акцент на заштитата на пешаците, како и оптимизацијата на ресурсите и унапредувањето на сообраќајната инфраструктура.

Соговорниците разговараа и за проектот „Сејф сити“, при што беше истакнато дека се планира негова имплементација во Струмица до крајот на годината, како дел од напорите за воведување современи технолошки решенија во функција на безбедноста.

На средбата беше заклучено дека континуираното вложување во модерни решенија, како и координираниот пристап помеѓу институциите и локалната самоуправа, се клучни за создавање побезбедна сообраќајна средина.

Зголемувањето и гарантирањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот останува еден од врвните приоритети на институциите.