
Седум пиштоли пронајдени кај маж од скопско.
Вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во координација со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по претходна судска наредба извршија претрес во домот и други простории како и товарно возило “мерцедес” сопственост на Б.Х.(51) од село Рашче, скопско при што биле пронајдени и одземени: 7 пиштоли, 14 рамки и 318 куршуми различен калибар, информираа од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

