
Маж во своите 30-ти години е уапсен откако седум лица се здобиле со сериозни повреди кога автомобил удрил во пешаци во градот Дерби, Англија.
Автомобилот, црн „Suzuki Swift“, удрил во повеќе луѓе во Фриар Гејт околу 21:30 часот синоќа, соопшти полицијата во Дербишир.
На седум лица им била укажана помош на самото место, и биле пренесени во болница со низа сериозни повреди, кои не се опасни по живот, додаде полицијата.
Маж во своите 30-ти години, кој е по потекло од Индија, бил пронајден кратко по инцидентот и уапсен под сомнение за обид за убиство, предизвикување тешки повреди со опасно возење, нанесување тешки телесни повреди со умисла и опасно возење, соопшти полицијата.
Тој останува во полициски притвор, пренесе ДПА.
