Skip to main content
Балкан

Седми неуспешен обид за конституирање на собранието во Приштина

27/04/2025  12:52

Пратениците на Собранието на Косово денес не успеаја да го изберат претседателот на Собранието, по седми пат, откако кандидатот на Самоопределување, Аљбуљен Хаџиу, по петти пат не успеа да го добие потребниот број гласови.

Како и во претходните четири пати, 57 пратеници гласаа за Хаџиу, 41 гласаа против, а 3 пратеници беа воздржани.

Седницата е закажана да продолжи во вторник во 10 часот. За избор на претседател на парламентот на приштинските институции е потребно просто мнозинство, или 61 глас.