Skip to main content
Балкан

Се запалил туристички брод во Макарска, има повредени

22/07/2025  11:31

Утринава се запалил туристички брод во Макарска, Република Хрватска.

Пожарот избувнал во кујната околу 8:20 часот наутро, за среќа бил локализиран многу брзо. Во тек е увид на лице место.

-Две лица се повредени во пожар на туристички брод во Макарска, потврдила Сплитско-далматинската полиција за 24sata.hr.

На бродот имало туристи, а медицинска помош побарале членовите на екипажот, хрватски државјани