
На 23.08.2025 во 23.51 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Народна Револуција” во Куманово настанал пожар на сува трева, по што бил зафатен и плац, сопственост на Б.Р., каде што биле опожарени патничко возило „Форд мондео”, патничко возило „Сеат кордоба”, автобус „Санос”, мини бус „Ивеко”, товарно возило „Застава”, автобус „ТАМ”, товарно возило „Пежо” и приколка за возил, сите сопственост на неколку приватни фирми, а кои претходно биле паркирани на плацот.
Од екипа на Територијалната противпожарна едница Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.