
Вчера попладне се запали возило во движење во Скопје.
Како што информираа од МВР, вчера во 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар во патничко возило во движење „цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Скопје.
Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.