Skip to main content
Хроника

Се запали полициско возило во скопски Центар, двајца полицајци завршиле на лекар

10/07/2025  15:51

Вчера околу 12.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, настанал пожар во патничко возило, сопственост на МВР. Според пријавеното, додека полициски службеници извршувале службени дејствија, возилото се запалило.

Од МВР информираа дека двајцата полициски службеници побарале лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“- Клиника за токсикологија поради вдишан чад.

Пожарот е изгаснат од полициски службеници кои биле на местото на настанот.