
Денеска (22.04.2025) во 04.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Р.(34) .
Од пожарот било зафатено и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, соопштија од полицијата.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.