Skip to main content
Хроника

Се запали куќа среде ноќ во скопско Арачиново – МВР со детали

26/05/2025  13:33

Денеска во 01.00 часот по полноќ во СВР Скопје е пријавено дека во село Арачиново, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на А.З.(60), кој се здобил со изгореници при обид да го изгасне пожарот.

Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.