Skip to main content
Хроника

Се запали кола на плин во населбата Горно Оризари во Битола

12/10/2025  10:05

Се запали кола на плин во населбата Горно Оризари во Битола. Пожарникарите од ТППЕ Битола успешно се справија со ситуацијата во која истекуваше плин од возилото.

По примена дојава во 15:30ч. за запалено возило во Горно Оризари ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 5 пожарникари.

При интервенцијата од возилото успешно и професионално е отстранета и дислоцирана плинска боца под притисок која испушташе плин и претставуваше опасност за населението и објектите околу неа.

Со храброста, посветеноста, дисциплината и секојдневните многубројни и високоризични интервенции ТППЕ Битола повторно jа докажаа својата професионалност, стои во објавата на битолските пожарникари.