
Во камп приколка поставена во нива во атарот на селото Долно Лисиче настанал пожар. Повредени лица нема. Во приколката престојувал 68-годишниот В.Н.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот настанал вчера во 17:20 часот и дека е изгаснат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

