Skip to main content
Хроника

Се запали автомобил во движење во Тетовско

25/07/2025  21:52

Во четвртокот вечерта, на 24 јули 2025 година, околу 20:30 часот, во селото Џепчиште, тетовско, настанал пожар во патничко возило марка „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки. Инцидентот бил пријавен во СВР Тетово од 38-годишниот Ф.З. од Тетово, кој бил во возилото во моментот на пожарот.

Според првичните информации, возилото било во движење кога избувнал пожарот. За среќа, нема повредени лица. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Тетово, огнот бил навремено локализиран и изгаснат.

Причините за избувнување на пожарот засега не се познати и ќе бидат утврдени по извршена истрага. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.