Skip to main content
Свет

Се урна облакодер во Бангкок по земјотресот во Мјанмар

28/03/2025  08:58

На социјалните мрежи кружи видео кое наводно го прикажува моментот кога се урна облакодер во изградба во Бангкок.

Два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.

По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Беше на длабочина од 12 километри, 28 километри јужно од Мандалеј.