
Едно лице загина, а две се повредени при уривање на мост на автопат во близина на градот Ла Лувиер, на југот на Белгија, соопштија властите.
Градоначалникот Жак Гобер изјави за Ројтерс дека еден работник на мостот загинал кога се урнал, додека други двајца се повредени.
Derrumbe puente de La Louvière, Bélgica.#Lalouvière #Belgium #Belgica #puente #Accidente pic.twitter.com/YDe4fOVeJx
— BryStt (@bry_stt) March 6, 2025
Се појавија застрашувачки снимки од моментот кога се урна дел од мостот.
На видеото се гледа како се урива тротоарот на дел од мостот, повлекувајќи два крана зад него, додека сообраќајот продолжува на другиот дел од мостот. Огромен облак од прашина потоа се издигна над Е42.
Повредените работници се пренесени во болница и еден од нив е тешко повреден, додека други двајца полесно.
Инцидентот се случил вчера попладне во моментот кога на мостот работеле 12 работници, а коловозните ленти биле полни со возила.