Skip to main content
Свет

Се урна авион на Ер Индија со повеќе од 240 патници

12/06/2025  11:21

Патнички авион на индиската авиокомпанија „Ер Индија“  утрово се урна во близина на аеродромот во градот Ахмедабад кратко по полетувањето за Лондон. Според првичнте информации, во авионот имало повеќе од 240 патници.

Индиските медиуми јавуваат дека авионот се урнал во населено место во градот Ахмедабад на запад во државата. Сите патишта до областа се затворени.

Боинг Дримлајнер 787 има капацитет до 300 патници, а индиски медиуми јавија дека во авионот имало 242 патници и членови на екипажот.