Skip to main content
Македонија

Се транспортираат двајца пациенти од „Св. Климент Охридски“

16/03/2025  14:21

Двајца пациенти кои се хоспитализирани во Градската општа болница „Св. Климент Охридски“ се транспортираат со возила на приватната клиника „Жан Митрев“.

Засега нема официјални информации дали повредените се носат во Клиниката „Жан Митрев“. Според информации од семејствата на повредените, им биле побарани пасоши од повредените.