Во три одделни случаи, полицијата добила пријави за исчезнати малолетници и тоа 15-годишно девојче и двајца штитеници од СОС Детско село и јавна установа за згрижување деца на возраст од 13 и од 16 години.
Ноќеска, во 1.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М. А.(15).
Ден претходно, во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Вчера во 15 часот во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско село во населба Ченто било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ч.Д.(13).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на тројцата малолетници, информира МВР.