Од вчера е исчезнат 28 годишниот Миле Тодоров од Неготино, а по него трага семејството и полицијата.
Исчезнувањето на Миле во полиција го пријавил неговиот татко.
-На 30.01.2025 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР за Курир.
Миле последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот. Облечен е во работничко одело, бело палто и црн елек.