Skip to main content
Хроника

Се тепале со палки и шипки: Двајца од Чегране ќе одговараат за насилство

26/08/2025  14:06

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(31) и Е.А.(30), двајцата од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.06.2025 во угостителски објект во с.Чегране, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, кои притоа употребиле остри предмети, при што оштетиле патничко возило кое било паркирано пред објектот.